Дома Трансфер зона БОМБА ОД ШПАНИЈА: Суарез во Атлетико!?

БОМБА ОД ШПАНИЈА: Суарез во Атлетико!?

Aтлетико Мадрид ова лето не доведе ниту едно засилување освен хрватскиот голман Иван Грбиќ за седум милиони евра од Локомотива. Откупени беа договорите на Мората и Караско, меѓутоа сега клубот од Мадрид изгледа се активира.

Денес пристигнуваат вести дека Атлетико би можел да ги реализира трансферите на Луис Суарез и Лукас Тореира. Двајцата уругвајски репрезентативци разговарале со Симоне, сакаат во Атлетико, но за се да се заврши потребно е да се исполнат некои услови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Главниот проблем за Атлетико е што го достигна лимитот за плати и што нема слободни места. Сите 25 места за фудбалери се пополнети. Некој мора да замине и тој некој мора да биде од групата на фудбалери кои добро заработуваат за да се ослободи буџетот.

Симеоне и Суарез се во контакт неколку недели и личните услови не се проблем. Суарез ќе добие договор на две години, финансиските детали не се откриваат.

Се претпоставува дека Атлетико прво мора да се ослободи од Диего Коста кој не е во плановите од Чоло, а е еден од најплатените. Пропаднаа преговорите со Бенфика и Коста, напаѓачот ги откажа преговорите откако клубот испадна во квалификациите од Лигата на шампионите.

Кога е Тореира во прашање тој е голема желба на Чоло, додека во Арсенал Артета не смета многу на него. Уругваецот ова лето ја одби Фиорентина, меѓутоа Атлетико е далеку попримамлива опција. Па голема е веројатноста трансферот да се реализира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…