Дома Трансфер зона БОМБА од Шпанија: Реал ја враќа поранешната ѕвезда

БОМБА од Шпанија: Реал ја враќа поранешната ѕвезда

Нема кој не се поврза со Реал, а тие уште ништо важно не направија во овој преоден рок.

Ќе бидат ова напорни неколку дена за навивачите на Реал Мадрид. Дали воопшто некој ќе успеат да донесат до крајот на преодниот рок?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Имаат фантастичен тим, тоа е јасно, и без Роналдо, но сепак им се потребни одредени засилувања во тимот. Се споменуваат Родригез, Алонсо, а дури низ медиумите се провлекува и враќањето на Ди Марија или пак пристигнувањето на Аспас.

Последен во низата која се споменува е Колумбиецот, Хамес Родригез.

Имено, тој се уште е играч на Реал Мадрид кој е моментално на двегодишна позајмица во Баерн, а по првата година сите гледаат дека тој повторно е тој стариот и дека повторно заиграл, па Реал се обидува да го врати својот играч во Мадрид, а се споменува дека таа грешка би можеле да ја платат 35 милиони фунти.

Родригез го воодушеви светот на Мундијалот во 2014. година, па кралскиот клуб го донесе од Монако за 63 милиони фунти. Уште ако сега потрошат дополнителни 35 милиони фунти за да го вратат играчот кого практично го „избркаа“ од тимот…

Дали Родригез ќе остане на „Алијанц Арена“?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер плаќа 20 милиони евра за голманот кој одлично ги замени Алисон и Едерсон?

Бразилскиот голман Бенто (24) доби шанса да брани за репрезентацијата на неодамнешните при…