Шпанскиот медиум „Чирингуито“ ланисраше вистинска „бомба“ и тврди дека Серхио Рамос на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.
Договорот со Рамос со Реал Мадрид завршува следното лето и двата клуба не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Марка“ пренесува дека Реал му понудил продолжување на договорот само на една година, односно до 2022 година, а таквиот потег го разочарал Серхио Рамос.
Тој очекувал дека договорот ќе биде продолжен до летото 2023 година со оглед на улогата што ја има на теренот и во соблекувалната.
Поради тоа двете страни донеле одлука да се разделат на крајот на сезоната, па мали се шансите 34-годишниот Шпанец да остане на „Сантиаго Бернабеу“.
Силен интерес за неговиот потпис покажуваат Јувентус, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
? #Juventus | 'El Chiringuito TV': "#SergioRamos è fuori dal #RealMadrid all'80%"
— calciomercato.it (@calciomercatoit) November 12, 2020
? #CMITmercato https://t.co/FhmNLyTYoT