Дома Топ вести Бомба од Турција: Нејмар преговара со Галатасарај!

Бомба од Турција: Нејмар преговара со Галатасарај!

На сите им е јасно дека раководството на Галатасарај има многу добри односи со челниците на ПСЖ, а тоа најдобро го покажуваат трансферите на Икарди и Паредес.

Сега челниците на тимот од Турција решија да сонуваат уште повеќе – сакаат да доведат ни помалку ни повеќе – Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така раководството на Галатасарај вети дека ќе направи се што е во нивна моќ за да го доведе Бразилецот во својот клуб ова лето.

Целта на раководството на овој клуб е да се освои еден од европските трофеи во следните две години, а не ја кријат желбата дека сакаат тоа да биде Лигата на шампионите.

Иако малкумина веруваат дека тоа е невозможно, турските медиуми тврдат дека првата средба на претставници на Галатасарај и Нејмар веќе е одржана.

Наводно се се одвивало во одлична атмосфера, а и самиот Бразилец бил презадоволен од она што го слушнал од лидерот на тимот од Турција.

Дополнително, турските медиуми тврдат дека веднаш ги контактирале челниците на Галатасарај за коментар и се што добиле е „насмевка“.

Сепак, позитивно е и тоа што никој не ги демантираше наводните преговори, но останува да се види што ќе се случи подоцна овој месец.

Турските медиуми тврдат и дека раководството на Галатасарај нема да запре со доведување на Нејмар, туку сака да привлече уште некои големи ѕвезди ова лето.

Во текот на денешниот ден треба да биде откриено името на уште едно големо засилување на мета на раководството на овој клуб.

Раководството на Галатасарај едноставно е опседнато со големи имиња како Нејмар, а наводно прашање на време е кога ќе почнат да доведуваат толку големи засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…