Каталонскиот весник „Спорт“ денес лансираше вистинска „бомба“ и на насловната страна ексклузивно објави дека примарна трансфер цел на Барселона е ѕвездата на Челзи, Еден Азар.
Заминувањето на Андрес Иниеста и Паулињо, како и скоро сигурното заминување на Андре Гомеш ќе остават сериозна празнина на средина од теренот. Каталонците веќе го донесоа Бразилецот Артур, но сакаат да донесат и уште една голема ѕвезда.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа „Спорт“ тврди дека Барселона ги разгледува можностите на трансфер пазарот, па приоритетна трансфер цел ова лето ќе биде доведувањето на Азар.
Сепак, трансферот на 27-годишниот Белгиец нема да биде воопшто лесен, бидејќи за него силен интерес покажува и Реал Мадрид. Азар одби да го продолжи договорот со Челзи и најверојатно ќе ја промени средината ова лето, па негова следна дестинација најверојатно ќе биде Шпанија.
Барселона не се откажува и ќе води битка со Реал Мадрид до крај за неговиот потпис.
#PortadaSPORT | ¡Hola a todos!
Esta es nuestra portada de hoyhttps://t.co/Tha59Hk5P1— Diario SPORT (@sport) July 10, 2018