Дома Македонски спорт Бомба од Италија: Ангеловски може да биде нов тренер на Џенова!

Бомба од Италија: Ангеловски може да биде нов тренер на Џенова!

Еден од најпознатите италијански новинари Алфредо Педула кој пишува за „Газета дело Спорт“ пренесува сензационална веста – Игор Ангеловски може да стане тренер на Џенова.

Педула екскуклузивно објави дека можно е во новата сезона Давиде Балардини да не биде на клупата на овој тим после обезбедувањето опстанок, а наводно на претседателот прва мета е Ангеловски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ангеловски во едно свое интервју неодамна и посочи дека сонува да стане тренер на некој клуб во Серија А, па сега можеби сонот ќе му се оствари.

Во текстот на Педула се потенцира дека ангажманот на Ангеловски на клупата веројатно ќе значи и продолжување на Горан Пандев да игра уште една сезона. Педула се обидел да добие и коментар од Ангеловски, на оваа тема.

„Сега сум фокусиран само на Европското првенство. За останатото ќе зборуваме кога ќе дојде време“, одговорил Ангеловски.

Ќе потсетиме договорот на Ангеловски со Фудбалската Федерација на Македонија има важност до завршувањето на ЕП и не се знае дали истиот ќе биде продолжен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Денеска ќе го добиеме првиот финалист од Лигата на шампионите

ПСЖ и Борусија Дортмунд вечерва со почеток од 21:00 часот ќе го одиграат реваншот од полуф…