Медиумите во Германија пренесуваат различни вести околу можноста Арсен Венгер да седне на тренерското столче на Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кикер“ денес пренесе дека работата е готова и дека Венгер уште утре треба да се упати кон Германија и ќе биде назначен за нов тренер на баварскиот гигант.
Сепак, еминентниот „Билд“ пренесува инсајдерска информација и тврди дека Венгер сам го побарал Карл Хајнц Румениге за да му каже дека е заинтересиран за водење на Баерн, меѓутоа добил негативен одговор од првиот човек на клубот.
Румениге му соопштил дека клубот сепак има други планови и дека не планираат да започнат преговори со него, а оваа вест ја потврди и „Скај Германија“