Дома Топ вести БОМБА од Англија за крај на трансфер периодот

БОМБА од Англија за крај на трансфер периодот

Иако трансфер периодот во Европа заврши на 31. август, сите лиги имаат и свои рокови, а еден од нив завршува денеска, кој ни носи сензационална новост.

Имено, како што пишуваат турските медиуми, Манчестер Сити ја прифатил понудата на Фенербахче за шпанскиот репрезентативец, Давид Силва, кој денеска, на последниот ден од трансфер периодот во Турција би можел да стане играч на Фенер.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тимот од Истанбул испрати понуда до Сити, кој наводно е прифатена и од клубот, но и од играчот. Силва во следната сезона би можел да го носи дресот на Фенер – кој сака повторно да завладее во турскиот фудбал.

Силва добро влезе во новата сезона во Премиер лигата. Запиша две асистенции во три настапи, но очигледно дека Гвардиола не е премногу задоволен од неговите настапи. Силва е член на „Граѓаните“ од 2010. година. Учествуваше во најголемите успеси на тимот, а одигра вкупно 309 натпревари и постигна 51 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус спреми 60 милиони за ѕвездата на Аталанта

Јувентус е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…