Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Раде Круниќ го договорил трансферот во редовите на Црвена Звезда.
Постигнат е договор со Фенербахче и Круниќ ќе пристигне без оштета со поделба 50-50 од евенуталниот следен трансфер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Круниќ е поранешен играч на Милан и со Звезда ќе потпише договор на три години, очекувањата се да биде големо засилување за „росонерите“.
Ги помина последните девет месеци во Фенербахче, но не успеа да ги оправда очекувањата. Фенербахче имаше обврска да го откупи неговиот договор до Милан за 3.5 милиони евра, а сега го пушта за 50% од наредниот трансфер.
Мурињо не сметаше на него, па во турскиот гигант се согласија на ваков договор за да се одлободат од неговата висока плата.