Дома Топ вести „Бомба“: Милинковиќ-Савиќ се договори со новиот клуб

„Бомба“: Милинковиќ-Савиќ се договори со новиот клуб

Директорот на Милан, Паоло Малдини има јасна идеја на кои позиции да го засили тимот на лето и веќе работи на нови засилувања.

Познатиот новинар Карло Пелегати, открива дека главна цела за засилување на средниот ред е Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде, но и неговата цена драстично ќе се намали.

Јувентус и Арсенал веќе подолго време го сакаат Србинот, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.

Малдини имал средба со неговиот агент Матеја Кежман и постигнале начелен договор за 4-годишна соработка според која СМС ќе заработува 5,5 милиони евра по сезона.

Пелегати пренесува дека наскоро Милан ќе стави во контакт со Лацио, а трансферот би требало да изнесува околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…