Дома Топ вести „Бомба“: Милан испрати понуда за Бернардо Силва

„Бомба“: Милан испрати понуда за Бернардо Силва

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е спремен да го продаде Бернардо Силва после ангажманот на Џек Грилиш.

Сити му ја отвори излезната врата, а и самиот Бернардо Силва сака да ја промени средината бидејќи го загуби местото во стартниот тим.

Неговиот агент Жорге Мендеш веќе започнал преговори со Милан, кој е во потрага по таков профил на играч.

Англиските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ испратиле понуда од 15 милиони евра за двегодишна позајмица, плус 30 милиони евра за откуп.

„Граѓаните“ за слободата на Португалецот бараат 50 милиони евра, па се спремни да ја прифатат понудата на италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…