Изненадувачка беше елиминацијата на Милвоки, а тоа наводно донело незадоволство кај Јанис Антетокумпо кој дури и според медиумите во САД размислувал за заминување.
Се шпекулира дкеа Јанис гледал кон Западот, наводно нема да го продолжи договорот, има уште две сезони до истекот на сегашниот и според познатиот новинар на „ЕСПН“, Брајан Виндхорст Бакси ќе реагираат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имаат проблем со неколкумина играчи кои очекуваат нови договори и тоа би можело да значи започнување нов циклус и создавање нов тим. Сепак, се завис од Јанис, но Западот постојат кандидати за неговиот потпис тоа се Портланд кој би оформил тандем со грчкиот кошаркар и Лилард.
Во игра наводно е и Голден Стејт кој има подобри „мамци“ да понуди. Според некои информации тие би можеле да го испратат Дрејмонд Грин, Кумг Вингс и првите пикови на 2023 година и две години подоцна.
Останува да видиме за што Јанис е расположен, но Бакси ќе го имаат последниот збор.