Најбрзиот човек во светот, легендарниот Усаин Болт после завршената атлетска кариера се посвети на играњето фудбал, но немаше баш голем успех.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Болт во кариерата освои дури 11 златни медали на светските првенства, а има и осум олимписки злата.
Голема му беше желбата професионално да заигра фудбал и тоа го направи во еден клуб во Австралија, меѓутоа после неколку натпревари се откажа од фудбалската кариера.
Сега Болт зборуваше за разликата помеѓу Меси и Роналдо и порача дека за него нема дилеми – Роналдо е подобар.
„Кристиано Роналдо е подобар од Меси и тоа не треба да му биде спорно на никого. Освои се, освојуваше трофеи каде и да игра, неговото ниво е неверојатно“, изјави Болт.