Дома Останати Болт: Спортот ќе умре ако не се престане со допингот

Болт: Спортот ќе умре ако не се престане со допингот

Јамајканскиот атлетичар, Јусеин Болт изрази голема загриженост за иднината на атлетиката.

Болт по СП во Лондон ќе се збогува со атлетиката, а по пристигнувањето на Островот, даде загрижувачка изјава за иднината на атлетиката. Пред се, мислејќи на проблемот со допингот кој се повеќе е присутен во денешниот спорт.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Се надевам дека спортистите разбираат што се случува и дека ако не се престане со допингот, спортот ќе умре. Тој минува низ криза и ако младите спортисти не се пронајдат онака како што се очекува од нив, тој не ќе може да оди напред, истакна Болт“, пренесува Би-Би-Си додавајќи:

„За мене допингот е дно. Меѓутоа, последните години направивме фантастична работа. Голем број на спортисти беа фатени дека се допингувани“.

Последната трка од славната кариера на Болт ќе следува следниве денови. Ќе настапи во спринтерските дисциплини на 100 и 200 метри, како и на штафетата 4×100.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…