Најбрзиот човек Усаин Болт кој се пензионираше од атлетиката даде една прилично храбра изјава.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Болт е рекордер на спринтерските патеки и сега тврди дека рекордите кои ги постави во текот на кариерата нема да бидат срушени во наредните 20 години.
Јамајканецот ги држи светските рекорди на 100 (9.58 секунди) и 200 метри (19.19) секунди.
„Се уште не е роден човек кој ќе ги сруши моите рекорди. Резултатите треба да бидат надминати и тоа е неминовно, но јас сум сигурен дека тоа нема да се случи во следните 20-25 години. Сакам да им кажам на моите деца дека сум поставил рекорди кои се уште никој не ги срушил“, изјави Болт.
Ќе потсетиме Болт се обиде после кариерата во атлетиката да започне фудбалска, меѓутоа не му одеше баш најдобро и брзо ја заврши.