Дома Фудбал Лига на шампиони Болница во Тотенхем: Покетино против Барселона без петмина првотимци!

Болница во Тотенхем: Покетино против Барселона без петмина првотимци!

pocetino

Тотенхем утре во рамките од второто коло во Лигата на шампионите на „Вембли“ ќе игра против Барселона и на оваа средба „петлите“ ќе го немаат на распалогање најсилниот состав.

Маурисио Покетино има големи проблеми со повредите на неговите фудбалери и за оваа средба не ќе може да смета петмина играчи од стартниот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијан Ериксен, Муса Дембеле, Серж Ориер, и Јан Вертонген го пропуштија последниот тренинг пред натпреварот против каталонскиот гигант и нема да конкурираат за утрешниот натпревар.

Треба да се истакне дека и со повреда се мачи Деле Али кој исто така нема да игра. Враќањето на овие петмина фудбалер не се очекува да се случи пред репрезентативната пауза.

Што значи дека Тотенхем против Барселона ќе биде значително ослабен поради повредите на голем број играчи. Ако им е за утеха, спремен е најдобриот играч Хари Кејн и голманот Хуго Лорис се опорави од повредата, па ќе биде помеѓу стативите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Навивачите на Арсенал шокирани од она што го правеа фудбалерите на Фулам 🎥

Aрсенал за викендот го победи Бормут со 3:0 во рамките од 36. коло во Премиер лигата, а за…