Алжирската боксерка Имане Келиф во изминатите денови беше главна тема и често добиваше навреди за нејзиниот родов идентитет.
Келиф, која има „XY хромозом“, односно зголемено ниво на тестостерон, со едногласна одлука на судиите ја победи Унгарката Ана Лус Хамори.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таа потоа разговараше со арапскиот спортски радиодифузер „Беин спортс“, прекинувајќи го молкот од почетокот на нападите.
„Многу сум горда што и донесов медал на мојата земја во Париз. Работев напорно за овој успех. Ова е победа за сите жени во светот“, изјави боксерката.