Дома Фудбал Останато Бока ги разгорува страстите: Со видео од легендарниот Рикелме го провоцира лутиот ривал (ВИДЕО)

Бока ги разгорува страстите: Со видео од легендарниот Рикелме го провоцира лутиот ривал (ВИДЕО)

Ривер Плата и Бока Јуниорс во сабота на Монументал ќе го играат реванш натпреварот кој ќе го даде шампионот на Јужна Америка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Големите ривали од Буенос Аирес за прв пат меѓусебно ќе одлучуваат за големиот континентален трофеј, а од Бока започнаа да испраќаат „отровни стрели“ кон ривалот.

Бока на својот Твитер профил објави мотивационо видео во кое легендарниот Хуан Рома Рикелме упатува навреди кон големиот ривал.

На почетокот на видеото легендарниот фудбалер изговара „Рибер“ што претсавува исмејување на Ривер кој пред неколку години заврши во втората лига на аргентинскиот фудбал.

Ривер во втората лига испадна во 2011 година, додека Бока во својата историја никогаш не играла во понизок ранг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешен фудбалер на Реал доживеа срцев удар по натпревар (Видео)

Фернандо Гаго (40), поранешен играч на Реал Мадрид и актуелен тренер на Универсидад де Чил…