Дома Фудбал Останато Бобо Виери – некогаш решеташе мрежи, денес забавува луѓе ширум светот (ФОТО)

Бобо Виери – некогаш решеташе мрежи, денес забавува луѓе ширум светот (ФОТО)

Еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација, Кристијан Виери денес се занимава со работа која не е поврзана со фудбалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Виери кој наславните денови ги помина во Интер, беше идол на младите фудбалери во тоа време, а поради него навивачите на Интер и репрезентацијата на Италија се радуваа безброј пати.

Сепак, денес се занимава со работа која не е поврзана со фудбалот – стана диџеј! Виери има настапи ширум Италија, остатокот на Европа, но и САД.

Иначе, Виери после завршувањето на кариерата во 2009 година се пресели во Мајами и неколку години подоцна се одлучи за почеток на новата кариера, а во разговор за медиумите откри како се започнала.

„Мојот пријател Андреа, работеше по клубовите во Италија, секакогаш сакаше да настапуваме заедно во тандем. Секогаш му зборував „не“, бидејќи имав чуство дека е вистински момент. Минатото лето повторно разговаравме и му предложив дека можеме да направиме нешто. Ме инспирираше Андреа Олива кого го видов на Ибица додека бев со девојката“.

„Слушавме музика и и кажав на девојката: Ајде малку да се забавуваме, ајде да го направиме ова. Го повиквав и му кажав дека сакам да станам диџеј, но дека не сакам тоа да го направам сам. Мислев дека не е добра идеја, па направивме „Бобо диџеј шоу“. Имаме и музички процент. Започнавме да имаме настапи и да ја пуштаме музиката која ја сакаме ширум Италија и светот“, откри Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Секој главен судија на Светското првенство ќе си оди со повеќе од 100 000 долари

Екипите кои ќе бидат елиминирани уште во групната фаза на Светското првенство во фудбал ќе…