Дома Фудбал Останато Бобан се огласи по најавите дека саудиски клуб ќе игра во Лигата на шампионите

Бобан се огласи по најавите дека саудиски клуб ќе игра во Лигата на шампионите

Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ вчера објави дека УЕФА донела одлука следната сезона еден арапски тим да игра во Лигата на шампионите, но денес Звонимир Бобан кој е еден од главните оперативци во европската куќа на фудбалот ги демантираше овие најави.

Во изјава за „Вечерњи лист“, Бобан истакна дека станувало збор за глупости и измислици кои немаат врска со реалноста.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Тоа се глупости и измислици од наводно сериозен весник од Италија. Сериозни новинари или новински куќи прашуваат дали е нешто вистина или не, не пишуваат глупости.

Во Лигата на шампионите, како и сите други натпреварувања на УЕФА ќе играат само европски клубови, тоа го повторил и претседателот Чеферин повеќе пати“, изјавил Бобан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…