Дома Фудбал Останато Бобан: Идејата за Мундијал на секои две години е полоша дури и од Суперлигата

Бобан: Идејата за Мундијал на секои две години е полоша дури и од Суперлигата

Легендата на Милан, кој моментално работи како директор во УЕФА, Звонимир Бобан остро ја критикуваше идејата Светското првенство да се игра на секои две години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа идеја ја залагаат претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и Арсен Венгер, а Бобан вели дека таа идеја е полоша дури и од Суперлигата.

„Јас сум за иновациите кои го подобруваат фудбалот, но не треба да инсистираме на секакви промени. Таа идеја на Инфантино и Венгер за Мундијал на секои две години е апсурдна, по-лоша дури и од таа за Суперлигата“, изјави Бобан.

„Тоа би било погубно за играчите. Проект кој никој нема да го респектира. УЕФА никогаш не би предложила Европско првенство на секои две години, дури и тоа да значи многу поголем профит. Фудбалот не е на Инфантино и Венгер, не е ниту мој, фудбалот е на сите кои го сакаат“, додаде Бобан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пропуштениот пенал не му пречеше на Мбапе да ја однесе Франција до полуфиналето

Франција повторно е на полуфинале на светското првенство трет пат по ред. Како ПАМЕТНО да …