Славниот Звонимир Бобан кој во јануари ја напушти УЕФА, сега испрати критики до луѓето кои го водат европскиот фудбал.
Бобан директор во УЕФА беше од 2021 година, а си замина поради промените во статутот според кој сегашниот претседател Александар Чеферин би добил можност да остане и подолго на чело на УЕФА од три мандати колку што досега беше дозволено.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега во интервју за италијанската „Газета дело Спорт“, Бобан истакна дека неговото заминување е од морални причини.
„Во изминатиот период уживам во животот со фамилијата и пријателите, имам слободно време и го користам на најдобар начин. Исто така имам хобија како читање книги, играње карти и шах. Гледам и фудбал, следам што се случува“, започна Бобан па продолжи:
„Со години гледаме дека технократијата дивее во фудбалскиот систем и ги лишува вредностите што треба да ги застапува и брани. Луѓето таму мислат дека се поважни од тренерите, играчите, фановите…“, порача Бобан.