Дома Трансфер зона Бобан го убедува Ракитиќ да се пресели во Милан

Бобан го убедува Ракитиќ да се пресели во Милан

Милан работи напорно за привлекување на играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, пренесува „Мундо Депортиво“.

Иако со години беше стандарден, Ракитиќ оваа сезона во Барселона има маргинална улога, поради што каталонскиот весник тврди дека ќе си замине уште во јануари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последните информации од Италија се дека Милан сериозно се вклучил во трката за потписот на Ракитиќ. Директорот Звонимир Бобан веќе работи на трансферот и е во постојан контакт со својот сонародник.

Бобан лично ја преземал задачата да го убеди својот сонародник да пристигне на „Сан Сиро“ и да му помогне на тимот да се врати на нозе. Милан игра лошо оваа сезона, го има најмладиот тим во Серија А, па во јануари сака да инвестира во искусни фудбалери.

31-годишниот Ракитиќ е спремен за нова авантура и му се допаѓа преселба во Милано, каде треба да биде лидер на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан се засилува со плејмејкерот на Реал Мадрид

Милан е силно заинтересиран и започнал преговори со Реал Мадрид за плејмејкерот Дани Себаљ…