Дома Фудбал Италија Боатенг: Меси треба да потпише за Наполи во чест на Марадона

Боатенг: Меси треба да потпише за Наполи во чест на Марадона

Кевин Принц Боатенг има интересен предлог за ѕвездата на Барселона и негов поранешен соиграч, Лионел Меси.

Тој смета дека Меси треба да потпише договор со Наполи, за да му оддаде почит на Диего Марадона, кој почина минатиот месец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Договорот на Меси со Барселона истекува наскоро. Би било идеално да му се јави на Наполи и да им каже: Доаѓам! Тоа ќе биде како филм. На тренинзи ќе треба да доаѓа со хеликоптер, иначе нема да остане жив меѓу толпата фанови. Да бев на местото на Меси воопто немаше да размислувам и ќе дојдев во Наполи“, изјави Боатенг.

Марадона играше за Наполи од 1984 до 1991 година и е вистинска легенда на италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…