Офанзивниот играч на Гана, Кевин-Принс Боатенг ја напушта Фиорентина на последниот ден од зимскиот преоден рок, пренесува Скај Спорт.
Боатенг пристигна во Фиренца пред само неколку месеци од Сасуоло, но не ги задоволи клупските челници и ќе замине на шестмесечна позајмица во Бешикташ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Турскиот клуб ги договори сите услови со италијанскиот тим и ќе го донесе Боатенг на позајмица со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната.
Боатенг оваа сезона запиша 14 натпревари во Серија А и постигна еден гол.
Пред Фиорентина и Сасуоло, тој играше и за Херта, Борусија Дортмунд, Тотенхем, Портсмут, Милан, Шалке …