Дома Фудбал Блокада: Хрватот и Каталонците едногласни, „НЕ“ за фанатстичната понуда на ПСЖ

Блокада: Хрватот и Каталонците едногласни, „НЕ“ за фанатстичната понуда на ПСЖ

Џентлменски договор помеѓу Каталонците и Хрватскиот интернационалец..

Барселона и Иван Ракитиќ одлучија да ја одбијат понудата од ПСЖ која тешко може да се одвие. На Барселона и е понудено 100 милиони евра за Хрватот, нему поголема плата од онаа која ја има на „Камп Ноу“, но нивниот одговор беше негативен и договорија продолжување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона и Ракитиќ постигнаа џентлменска спогодба, искусниот играч за врска да добие зголемување на платата во Каталонија и на тој начин да стави точка на приказната за неговото заминување. А следејќи од финансиски агол, ова е понуда која не се одбива.

Барселона го донесе Ракитиќ од Севиља пред четири години за 26 милиони евра. За тоа време стана еден од најистакнатите фудбалери во тимот. Се исплатеше секое евро за него, клубот можеше да заработи четирипати на него. Тешко кој би одбил 100 милиони за играч кој е влезен во четвртата деценија и чија цена во иднина може само да паѓа.Но, Барселона спортските интереси ги стави пред финансиските и лесно се договори со Ракитиќ.

Тој досега имаше договор вреден 8 милиони евра до 2021. година. ПСЖ понуди 10 милиони до 2023. година. Сепак, Барселона со зголемувањеето на платата го блиндираше Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…