Дома Фудбал Останато Блатер и Платини обвинети за измама, им се заканува затворска казна

Блатер и Платини обвинети за измама, им се заканува затворска казна

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и поранешниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини се обвинети за измама во Швајцарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јавното обвинителство во оваа земја го товари Блатер за незаконско префрлање на 2 милиони швајцарски франци на сметката на Платини во 2011 година.

Според обвинителот, со ова била нанесена финансиска штета на ФИФА, а поранешниот прв човек на европскиот фудбал незаконски се збогатил. Двајцата поранешни највисоки фудбалски функционери ќе се појават на судење во Белицона.

Случајот беше отворен во 2015 година, откако Етичкиот комитет на ФИФА спроведе независна истрага во работењето на ФИФА по бројните обвинувања за корупција од медиумите. Доколку Блатер и Платини бидат прогласени за виновни тогаш ги очекува затворска казна од неколку години или во најмала рака парична казна со условна затворска казна. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…