Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „Би-Би-Си“ сакаше да го понижи Роналдо, па предизвика бурни реакции

„Би-Би-Си“ сакаше да го понижи Роналдо, па предизвика бурни реакции

Кристијано Роналдо имаше прилика во 105. минута од вчерашниот натпревар помеѓу Португалија и Словенија да погоди од белата точка, но Јан Облак одлично го одбрани неговиот удар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во таа ситуација, „Би-Би-Си“ за време на преносот направи потег со кој предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Покажувајќи ја снимката од промашениот пенал на Роналдо во преносот се појави натпис „Misstiano Penaldo“, тие така си поиграа со зборот (miss – промашување) и пенал во склоп со името на Роналдо.

Нивниот ваков потег донесе многу реакции, а се огласи и легендарниот Џон Тери.

„Би-Би-Си ова е срамота“, напиша Тери на Инстаграм.

Ќе потсетиме, Роналдо беше прецизен од белата точка во пенал рулетот кој Португалците го добија со 3:0 благодарение на неверојатниот Диого Кошта на голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Гранит Џака на 33 години прави шокантен трансфер

Гранит Џака зад себе има одлична сезона во Сандерленд, а игра и одлично на Светското првен…