Дома Фудбал Англија „Би-Би-Си“: Зидан не е заинтересиран за клупата на Манчестер Јунајтед

„Би-Би-Си“: Зидан не е заинтересиран за клупата на Манчестер Јунајтед

Легендарниот Зинедин Зидан не е заинтересиран за местото менаџер во Манчестер Јунајтед, пренесува „Би-Би-Си“ повикувајќи се на блиски извори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од „Олд Трафорд“ е во потрага по нов менаџер откако Солскјер доби отказ после поразот од Вотфорд (4:1). И пред да добие отказ како еден од можните наследници се најавуваше Зидан.

Сепак, „Би-Би-Си“ пренесува дека францускиот стратег ја одбил управата на Манчестер Јунајтед и во овој момент не е заинтересиран да го преземе овој тим. Според информациите, Зидан повеќе би сакал да седне на клупата на ПСЖ доколку за тоа се создаде прилика.

Инаку, медиумите на Островот шпекулираат и дека Маурисио Покетино кој сега го води ПСЖ е еден од кандидатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…