Денес Академија Пандев објави дека ја засилува одбраната со Фарук Бихорац кој ќе може да настапи веќе во недела против Работнички во второто коло од ПМФЛ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за 25 годишен дефанзивец, а последен клуб му е Кабел од Нови Сад. Претходно една година го носеше дресот на мостарски Вележ, во кариерата покрај Нови Пазар играше за Хајдук 1912, Јошница и Железничар од Лајковац.
Со Работнички Академија Пандев како и во првото коло со Струга Трим Лум (1:1) ќе играат под рефлектори од 20:00 часот.