Дома Фудбал Германија Битката на пазарот дојде до крајот: Баерн Минхен ги отпиша Арсенал, Ливерпул и Барса

Битката на пазарот дојде до крајот: Баерн Минхен ги отпиша Арсенал, Ливерпул и Барса

Баерн според пишувањата на шпанските медиуми заврши уште еден фантастичен трансфер.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, клубот од „Алијанц Арена“ договори соработка со германскиот репрезентативец, Леон Горетцка.

Ова момче блесна на Купот на Конфедерациите изминатото лето, беше еден од најдобрите играчи за „Панцерите“ кои го освоија ова натпреварување.

Она што Горетцка го прави посебно интересен за бројните европски тимови е фактот што има само шест месеци договор со Шалке и дека не планира подолго од тоа да се задржува во Гелзенкирхен.

Така за него интерес покажаа Арсенал, Ливерпул и Барселона, но Горетцка по се судејќи ќе остане во својата земја.

Баерн како што се наведува веќе договорил соработка со талентираниот играч за врска, а Горетцка, по истекот на договорот со Шалке ќе им се придружи на „Баварците“ следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…