Дома Фудбал Италија Биографијата на Тоти ја „тресе“ Италија: Објавен последниот разговор со Спалети!

Биографијата на Тоти ја „тресе“ Италија: Објавен последниот разговор со Спалети!

toti spaletti

Oна што веќе долго време се шпекулира сега доби и потврда.

Автобиографијата на Франческо Тоти конечно е во продажба и во неа може да се прочитаат навистина интересни работи, една од нив се однесува на последниот состанок помеѓу тренерот на Рома и Спалети.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ќе потсетиме во еден момент Тоти под водство на Спалети беше преселен на клупата за резерви, а сега во биографијата на фудбалерот може да се најде и последниот состанок помеѓу него и тогашниот стратег на „волчицата“.

Спалети: Што е доста, доста е. Нема корист да продолжиме, не разбираш. Направи грешка и сега оди си дома.

Тоти: Во ред. Ќе ја прифатам казната. Но ќе видиме кој ќе ги сноси последиците.

Спалети: Дали тоа е закана?

Тоти: Знаеш и самиот дека имам поддршка од луѓето. До сега зборував се најдобро за тебе, но ти сакаш да ме избркаш. Прифати ја одговорноста за своите постапки.

Спалети: Ист си како останатите. Не си незаменлив, заборави на тоа.

Тоти: Кукавицо, сега не сум ти потребен веќе. Дојде овде со задача и заврши ја!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…