За натпреварот од 2. коло од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар и Мешков билети ќе може да се купат и пред самиот меч, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“.
Билетарницата ќе биде отворена во 18,30 часот и ќе работи до почетокот на натпреварот.
Средбата е закажана за 22 септември со почеток во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Продажбата на билетите ќе се врши и стандардно како и досега:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).
Цени на билети по блокови:
Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.
Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.
Блок 1,2 и 9 – 350 ден
На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.