Дома Фудбал Билетите за Грузија и Гибралтар по цена од 250 до 350 денари

Билетите за Грузија и Гибралтар по цена од 250 до 350 денари

Фудбалската репрезентација на Македонија во наредните денови ќе одигра два натпревари на домашен терен.

Прв противник ќе ни биде селекцијата н Грузија, репрезентација против која од последниот дуел носиме убави сеќавања. Во Тблиси ги победивме Грузијците и така обезбедивме настап на Европското првенство. Грузија гостува тука во четврток од 20:45 часот.

После Грузија во вториот натпревар дома ќе се сретнеме со Гибралтар, овој дуел е закажан за в недела од 18:00 часот.

Билетите за двата натпревари се веќе пуштени во продажба и се по цена од 250 до 350 денари. Истите можете да ги купувате – ТУКА.

Македонија после првите две кола во оваа Лига на Нации има четири бода, додека лидер на табелата е Грузија со шест бода, па затоа натпреварот в четврток е од голема важност.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси остана без ниту еден бод: Гласачите за „Златната топка“ ги објаснија спорните избори

Светска титула, европски трофеи и убедливи победи не биле доволни за едногласна поддршка. …