Според пишувањата на угледниот германски дневник „Билд“, единствениот клуб кој имал конкретни разгвори со Ерлинг Халанд е Манчестер Јунајтед.
Халанд на крајот од сезоната би требало да ја напушти Борусија Дортмунд, кога неговата откупна клаузла ќе изнесува 75 милиони евра, што е прифатлива цена за многу клубови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако многу европски клубови се заинтересирани за Норвежанецот, сепак „Билд“ открива дека единствен клуб кој презел конкурентни чекори е Манчестер Јунајтед.
Адутот на „црвените ѓаволи“ е менаџерот Ралф Рангник, кој одлично го познава и лично тој го донесе во Салцбург од Молде во 2019 година.
„Сан“ пак пишува дека Халанд има услов за Манчестер Јунајтед, мора да играат во ЛШ ако сакаат да дојде следното лето. Сепак, конкуренцијата за неговиот потпис ќе биде огромна.