Германски „Билд“ ретко кога греши за случувањата во Германија и трансфер пазарот во оваа земја, сега има нова ексклузива.
Според информациите на „Билд“ Баерн Минхен во следниот преоден рок ќе се обиде да го доведе Лука Јовиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно се водат тајни преговори помеѓу Баерн и 21 годишниот српски фудбалер кој во овој момент е еден од најпосакуваните фудбалери во светот. Јовиќ игра во Ајнтрахт како позајмен фудбалер од Бенфика, а многу е јасно дека Франкфурт ќе го откупи неговиот договор за договорените 13 милиони евра. Секако, тешко е да се верува дека Јовиќ после ваква сезона ќе остане во овој клуб – ќе биде продаден за многу повисока.
Јовиќ е најдобар стрелец во Бундес лигата и досега најмногу се поврзуваше со Барселона. Дури шпанските медиуми неодамна објавија информација дека Барселона успеала да постигне договор за негов ангажман.
Меѓутоа Баерн во рацете има голем адут. Јовиќ во Ајнтрахт соработуваше со Ковач, а Баерн има долга традиција на доведување на најдобрите играчи во Бундес лигата и поради тоа многумина веруваат дека Баерн иако подоцна се вклучува во трката е поблиску до неговиот потпис.
Јовиќ во Бундес лигата руши рекорди и постигна погодок на секои 102 минути, што е подобар просек од легендарниот Герд Милер кој просечно ја тресеше мрежата на секои 105 минути.
Се верува дека Ајнтрахт за Јовиќ ќе бара сума од околу 50 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=_nSDVkfdzjk