Дома Фудбал Германија „Билд“: Ковач одржал проштален говор на кој ги критикувал првите ѕвезди на тимот

„Билд“: Ковач одржал проштален говор на кој ги критикувал првите ѕвезди на тимот

kovac

Баерн Минхен во саботата уште еднаш ги разочара своите навивачи одигрувајќи 3:3 со Фортуна Дизелдорф на „Алијанц Арената“ и покрај тоа што имаа предност од 3:1.

За Баерн тоа беше трет натпревар без победа и сега зад лидерот Борусија заостанува големи девет бодови, а поради ваквата ситуација наскоро се очекува заминување на тренерот Нико Ковач.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Билд“ пишува дека Ковач повлекол несекојдневен потег после киксот против Фортуна. Хрватот закажал состанок со фудбалерите во 10 часот наутро наредниот ден.

Ковач на состанокот не го анализирал ремито со Фортуна, ниту пак зборувал за натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите, туку жестоко ги нападнал фудбалерите кои ги обвинил за се лошо што се случува со Баерн оваа сезона.

„Јас можеби наскоро нема да бидам тука, но пред тоа сакам нешто да направам“, започнал Ковач, псоле што ги критикувал фудбалерите, посебно првите ѕвезди.

Иако во јавните настапи Хрватот тврдеше дека односот со фудбалерите е нормален, очигледно дека станува нивна нова „жртва“. Претходно Карло Анчелоти беше во слична ситуација, па мораше да си замине.

Според „Билд“ главниот проблем во Баерн е што помеѓу играчите преовладува мислење дека сите знаат подобро од Ковач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа…