Бизарни сцени го одбележија oсмото коло од романското првенство.
Домашниот Отелул славеше 2:0 против Сепси со два гола на Алехандро Поп во првото полувреме. Со победата домаќините се искачија на второто место на табелата со 15 бодови од седум натпревари, колку што има и водечкиот Клуж.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа најинтересниот момент се случи пред натпреварот да започне. При загревањето гостинскиот тренер Бернд Сторк се посомнева дека головите не се во склад со прописите и дека се прениски.
По проверката беше заклучено дека има право, едниот гол беше висок 2.36, а другиот 2.41, додека пропишаната висина е 2.44 метри.
Тогаш неколку лица мораа да копаат и да ги средат димензиите за натпреварот да може да се одигра.