Репрезентацијата на Гана веќе е во Катар каде што се спрема за Светското првенство, а оваа селекција се најде во медиумите поради бизарен пропуст.
Имено, одговорниот за опремата по грешка ги заборавил дресовите во неговата земја. Селекцијата е во Абу Даби и засега е без потребната оперема. Добавувачот им ветил дека наскоро ќе се погрижи да добијат нов сет на опрема.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навистина не е јасно како може да се направи еден ваков пропуст на едно високо ниво. Меѓутоа приказната има и друга страна, а тоа е дека наводно било претходно договорено добавувачот да ја испрати опремата во Доха, меѓутоа секако настанал проблем затоа што не била таму кога пристигнале фудбалерите.