Во шпанскиот куп Барселона ќе игра против Ибица, но домаќинот на овој натпревар се соочи со големи проблеми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ибица игра на стадион кој собира само 4.500 гледачи и тие требаше да се пуштат во продажба денес, но тоа не се случи и тоа затоа што некој ја ограбил билетарницата.
Во овој момент познато е само дека две лица го направиле криминалот, тие се снимени од безбедносните камери и полицијата работи на истагата.
Натпреварот е закажан за во среда во 19 часот и останува да видиме дали домаќинот ќе ги пронајде сторителите и ќе го реши проблемоте. Одложување на натпреварот не е во опција.