Дома Фудбал Бизарен одговор на Енрике на прашањето за иднината на Мбапе

Бизарен одговор на Енрике на прашањето за иднината на Мбапе

Килијан Мбапе веќе објави дека на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ. Иако фантастичниот напаѓач не потврди дека ќе потпише за Реал, сите добро информирани светски медиуми пишуваат дека мадридскиот клуб во јуни ќе го претстави како свој играч.

За иднината на Мбапе беше прашан и тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, на што шпанскиот стратег даде бизарен одговор.

“Денес врне дожд, но во исто време е многу убав ден бидејќи во воздухот има поинаков мирис. Сакам дождливи денови, ме потсетуваат на мојот Хихон. Мислам дека совршено одговорив на вашето прашање”, изјави Енрике на прес-конференцијата во пресрет на гостувањето на ПСЖ кај Ница во 32. коло од Лига 1.

За потсетување, парижаните веќе ја обезбедија титулата шампион на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го менува фудбалскиот распоред: УЕФА одложи натпревари во Португалија

Бурата Чарлс донесе предупредувања за силен ветер и обилни врнежи, поради што УЕФА одложи …