Дома Фудбал Бивш тренер на Барса: Потрошија 400 милиони за да го заменат Нејмар, а сега го сакаат назад!

Бивш тренер на Барса: Потрошија 400 милиони за да го заменат Нејмар, а сега го сакаат назад!

Бившиот фудбалери и тренер на школата на Барселона, Жерард Лопес е зачуден од трансфер политиката на претседателот на каталонскиот клуб, Жосеп Марија Бартомеу.

Лопес е зачуден од фактот што Барселона сака да го врати Нејмар на „Камп Ноу“ иако потроши 400 милиони евра за негова замена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Потрошија 400 милиони евра за да најдат замена за Нејмар, а сега сакаат да го вратат назад. Притоа, играчот го тужи клубот и наскоро ќе има судење“, изјави бившиот играч на Барса.

Откако Нејмар си замина од Барселона и се пресели во ПСЖ, клубот од „Камп Ноу“ ги доведе Осман Дембеле и Кутињо за 250 милиони евра, а ова лето беше купен и Антоан Гризман за 120 милиони евра.

„Мислам дека до 2021 година Бартомеу ќе спасува што може да се спаси и ќе влече неразумни потези со кои ќе го привлекува вниманието“, смета Лопес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан се договори со новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…