Дома Фудбал Репрезентации Бившиот белгиски челник нов селектор на силната репрезентација од Брегот на Слоновата Коска

Бившиот белгиски челник нов селектор на силната репрезентација од Брегот на Слоновата Коска

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Белгија, Марк Вилмотс е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.

Со кусо соопштение фудбалскиот сојуз на оваа држава на својата интернет страница ја објави веста без детали за договорот и целите на селекцијата. Тој ќе го замени Французинот Мишел Диси, кој по слабите резултати на Купот на африканските нации и елиминацијата во групната фаза доби отказ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вилмотс од селекторската позиција во Белгија беше сменет по елиминацијата на Белгија во четвртфиналето на ЕУРО 2016 во Франција.

Тој претходно работеше како тренер на екипите на Шалке 04 и на Сент Труден, а пред да биде селектор на Белгија ја имаше и улогата асистент во оваа селекција.

Во својата држава Белгија, Вилмотс двапати беше прогласен за тренер на годината (2013 и 2014 година).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Гонзало Игуаин одигра речиси 800 натпревари во својата блескава кариера и постигна вкупно …