Дома Трансфер зона Бејл ја започнува сезоната на одлука!

Бејл ја започнува сезоната на одлука!

Шпекулации има премногу, но ситуацијата на Герет Бејл во Реал Мадрид веројатно е повеќе од јасна, Велшанецот ќе добие уште една шанса во Мадрид.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, ова лето ќе остане во редовите на „кралевите“, но сезоната која следи би можела да биде последна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговата кариера во Мадрид не се одвиваше според планираното, Роналдо остана прва ѕвезда на тимот, така изгледаше од медиумска преспектива, иако и Бејл даваше свој допринос во освојувањето на трофеите.

Проблемот е што тимот во завршницата од сезоната изгледаше многу подобро без Бејл и генерално беше мислењето дека со четворица во средниот ред и Кристиано и Бензама во нападот, едноставно Реал изгледаше многу посилно.

Фановите му замеруваат што лошо игра без топка, Зинедин Зидан негува игра со помал посед и повеќе трчање, па многумина сметаат дека со пристигнувањето на Мбапе, Герет Бејл би паднал во втор план.

Доколку тоа навистина се случи, неговата цена ќе падне, Манчестер Јунајтед го чека со раширени раце, па дури се шпекулираше и дека го сака веќе оваа сезона, но тој и понатаму одбива да го напушти Реал.

Да потсетиме, агентот на Бејл шпекулациите  за негово заминување ги нарече глупости, но ако продолжи да има проблеми со повредите и не го пронајде своето место во роатацијата изгледа дека наредната година ќе биде на продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го продава Рафиња за да се засили со играч од 50 милиони евра?

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс има откупна клаузула од 50.000.000 евра,…