Oдносот помеѓу Реал Мадрид и Герет Бејл е една од најголемите сапуници во модерниот фудбал. Во последните две години „кралевите“ се обидуваат да се ослободат од Велашанецот и неговата плата, но тој е се уште во клубот и повеќе време поминува на трибините отколку на теренот.
Бејл преку неговиот агент неколку пати порачуваше дека не сака да замине од Реал и дека ќе остане до крајот на неговиот договор. Сега тој самиот даде една поинаква изјава во која многумина и не веруваат. Бејл го обвини Реал дека тие не му дозволуваат да замине и потсети на ситуацијата минатото лето кога Кинезите нудеа да ја превземат целата неговата плата, но да не плаќаат оштета.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сакав да заминам и минатото лето, се беше спремно. Но Реал се блокираше во последен момент. Тоа беше проект за кој бев возбуден, но не се оствари. Се е до клубот тие не ми дозволуваат да заминам, јас имам договор и се што можам е да продолжам да тренирам. Премиер лигата секако е интересна опција за мене, ако имам можност и понуди би ги разгледал“, изјави Бејл.
Реал можеби не го пушти Бејл во Кина тогаш, но сигурно дека сега „кралевите“ прават се да се ослободат од Велшанецот, меѓутоа проблем е што ниту еден клуб во Европа не сака да му да ја даде платата која ја има во Реал Мадрид (17 милиони евра по сезона).