Соиграчите на Герет Бјел во Реал Мадрид се убедени дека Велшанецот ќе побара трансфер доколку Зинедин Зидан остане на „Сантиаго Бернабеу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според „Мирор“ желбата на Бејл е да остане во Реал Мадрид, но само доколку Зинедин Зидан не биде на кормилото на „кралевите“ и следната сезона.
Името на Велшанецот повторно се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, а Челзи и Тотенхем исто така внимателно ја следат неговата ситуација.
Зидан тврди дека меѓу него и Бејл нема никакви проблеми, но оваа седмица „Марка“ излезе со информација, дека Французинот е разочаран од претставувањето на Велшанецот и дека ја загубил довербата во него.
Селекторот на Велс, Рајан Гигс пак мисли дека Бејл треба да остане во Реал и по често да биде користен како централен напаѓач, бидејќи има голгетерски инстикт.