Во досегашната кариера Герет Бејл освои голем број титули на клупски план, но играњето за репрезентацијата за Бејл е посебна страст.
Вчера Бејл го оствари својот најголем репрезентативен успех откако ја победија Украина и се пласираа на Светското првенство. Така Велс обезбеди пласман на еден Мундијал после цели 64 години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За Реал Бејл во минатите години имаше важен придонес во освојувањето на некои титули, меѓутоа ретко кога зборувал со емоции како сега.
„Не можам ова да го објаснам со зборови. Од првиот ден кога дебитирав за репрезентацијата работев со голема страст. Не постои подобро од ова, ова е нешто посебно за нас, за сите во нашата земја. Направивме неверојатен успех и ќе го прославиме како што треба. Горди ќе бидеме до крајот на животот на ова што го постигнавме. За мене е последниот дел од сложувалката, си го остваривме сонот“, истакна Бејл.