Многумина ќе кажат дека Герет Бејл се уште има што да понуди на највисоко ниво, но изгледа дека Велшанецот се решил да игра во поинаква средина.
Договорот на Герет Бејл истекува на крајот од сезоната и ќе го напушти Реал Мадрид како слободен играч. Кога во прашање се трофеите, тој си ги исполни очекувањата. Меѓутоа многумина ќе му забележат дека не прикажа доволно за оштетата од 100 милиони евра колку што плати Реал Мадрид на Тотенхем во 2013 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новинарот на „Вашингтон Пост“, Стивен Гоф сега пренесува дека Бејл започнал преговори со тимот од МЛС лигата, Ди-Си Јунајтед.
Преговорите наводно се во тек, а клубот од американската престолнина наводно е спремен да му даде поголема плата од онаа која ја заработуваше Вејн Руни во 2018 година. Руни во Ди-Си Јунајтед имаше плата од 2.7 милиони долари, Бејл во Реал годишно добива 20…Нема сомневање дека Велшанецот ќе мора многу да ги намали „апетите“ затоа што ова лето полни 33 години, а има проблеми и со повредите.