Герет Бејл ги помина задолжителните лекарски прегледи пред да го финализира трансферот во Тотенхем.
Тоа се случило уште вчера во Мадрид, а утрово Велшанецот со приватен авион ќе отпатува во Лондон за да стави потпис на договорот со „спарси“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со него ќе лета и друг играч на Реал Мадрид, левиот бек Серхио Регулион, кој исто така ќе потпише за Тотенхем, но со перманентен трансфер.
Според „Скај Спорт“ едногодишниот престој на Бејл ќе го чини Тотенхем околу 20 милиони фунти, а во таа сума влегуваат парите за платата и цената за позајмицата.