Некогашниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рафаел зборуваше за непријателските односи со претходниот менаџер на Јунајтед, Луи Ван Гал.
Ван Гал не се задржа долго на „Олд Трафорд“ а неговото пристигнување беше кобно за некои од играчите на „Црвените ѓаволи“, па така и за Бразилецот Рафаел, кој ги раскажа деталите од нивниот „состанок“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Требаше тоа да биде состанок на менаџер и играч, некој пријатен разговор и на работ на договор, но тоа траеше најмногу 60 секунди.
„Кога Ван Гал го презеде Јунајтед, четири или пет личности ми се јавија да ми кажат како на Ван Гал не му се допаѓа бразилски играч. Во првата сезона Ван Гал ме повика во својата канцеларија и ми кажа: „Можеш да си одиш“. Состанокот траеше една минута. Ми требаше време да заминам, но беше тажно, бидејќи ги сакав сите во Манчестер“, истакна Рафаел.
Рафаел за Јунајтед одигра 109 натпревари и постигна пет погодоци, а кога Луи Ван Гал дојде на „Олд Трафорд“, тој потпиша четиригодишен договор со Лион за необавената надокнада.
Сепак, и покрај несреќниот крај на кариерата во Манчестер, може да се пофали дека освои три титули во ПЛ, Лига Купот, Светското првенство со Бразил, а играше и две финалиња во Лигата на шампионите.